Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ –Куманово со механизација започнаа со расчистувањето на дивата депонија кај локацијата Искрин Мост, покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Новоназначениот директор, Сашо Томиќ, истакна дека ова е една од неколкуте акции што ќе бидат спроведени деновиве.
– На територијата на градот има околу 20 диви депонии. Сите ќе бидат исчистени. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Ќе ја засилиме соработката со комуналната инспекција за да се санкционираат несовесните граѓани – истакна тој
Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово со механизација започнаа со расчистување на дивата депонија кај локацијата Искрин Мост, покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Новоназначениот директор ,Сашо Томиќ, истакна дека ова е една од неколкуте акции што ќе бидат спроведени деновиве.
– На територијата на градот има околу 20 диви депонии. Сите ќе бидат исчистени. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Ќе ја засилиме соработката со комуналната инспекција за да се санкционираат несовесните граѓани – истакна тој.
И надлежните од претпријатието велат дека практиката покажува оти по кратко време, расчистените локации повторно се претвораат во мини депонии. Менаџерскиот тим размислува за одредени поволности за совесните граѓани, оние што се грижат за непосредната животна средина.
– Во минатото имавме акции за делење канти за отпад. Ќе ја разгледаме можноста повторно да се воведат вакви стимуланси, особено за оние што редовно ги плаќаат обврските и се придржуваат кон правилата – најави Томиќ.
Покрај расчистувањето на дивите депонии, од јавното претпријатие информираат дека се во тек активности за раззеленување на градот, на градскиот кеј и на парковите.
Оттаму велат дека се работи на садење цветен материјал, зимзелени и листопадни садници, како дел од редовната програма усвоена од Советот на Општина Куманово. Во пресрет на подготовката на буџетот за 2026 година, Томиќ информираше дека ќе се побараат дополнителни средства.
– Ќе разговараме со градоначалникот и ќе ја согледаме финансиската состојба – потенцираше Томиќ.
Јавното претпријатие е подготвено и за зимската сезона со три специјални возила и доволни количини сол. Дополнително, годинава зимската програма ќе опфати 20 улици повеќе отколку лани.
– Имаме контакти и очекуваме во наредниот период да обезбедиме механизација преку донации – рече Томиќ.
Тој наведе дека набавката ќе се реализира во соработка со Општината и преку проекти аплицирани од Центарот за развој на Североисточниот Плански Регион.












