недела, октомври 18, 2026
Дома МАГАЗИН Кулинарски тајни, врвни предавања и инспирација за новите генерации – Светски гастрономски...

Кулинарски тајни, врвни предавања и инспирација за новите генерации – Светски гастрономски ѕвезди на Езеро “Младост“

18

Во градот Велес овој викенд заврши значаен гастрономски настан “Dont worry be Veles“, кој обедини врвни шефови, професионалци и млади идни готвачи преку едукативни предавања, мастер-класови и панел-дискусии. Организатори на настанот се : Општина Велес, ССОУ „Коле Неделковски“ и Гастро МАК – на чело со Шефицата Андријана Алачки.Меѓу предавачите во ССОУ “Коле Неделковски“ беа популарниот Стево Карапанџа од Хрватска, потоа Изток Легат и Томаж Возељ од Словенија, Уве Мишел од Германија, Драгица Лукин од Хрватска, Дон Давид од Русија, Георги Дамјаноу од Кипар, Ерик Главица од Хрватска, Емрах Коксел од Турција, Ѓорѓе Костиќ од Србија, Хамид Хаџиќ од Босна и Херцеговина, Доменико Маџи од Италија и Вук Митровиќ од Црна Гора.

Предавањата беа од најразлични области: спарување на храна и вино, концептот на Вакс, современи кулинарски техники и зачувување на традицијата, тајните на барбикју, како и најчести грешки во натпреварувањето…..Заедничката порака на гастрономските експерти беше дека македонската кујна заслужува уште поголема афирмација и препознатливост на меѓународната сцена поради автентичност, богатството на вкусови, традиционалните рецепти и квалитетните локални производи.

Токму затоа е важно младите генерации да ја запознаат сопствената гастрономска култура, да ја почитуваат и да ја надградуваат со нови знаења и современи пристапи. Кулминација на гастрономските денови беше „Дипломатско котле“, симбол на заедништво, пријателство, страст и професионализам. Замислено како голем пикник на отворено, во Еко-Кампот на Езеро Младост се беше во знак на пријателство: традиционални игри, подготвување македонски јадења, особено на “котле” каде секој судија стави “мирудија“ од својата земја. Судиите ја одбраа и најдобрата пастрмајлија, а победи ресторанот “Снупи“.Овој квалитетен настан покажа дека храната е универзален јазик што ги поврзува луѓето, културите и народите. Во годината кога Гастро МАК одбележува значаен јубилеј – 10 години постоење, ваквите активности дополнително ја потврдуваат неговата посветеност за развојот на гастрономската професија, унапредувањето на знаењата и поврзувањето на домашните со меѓународните гастрономски експерти.

 

ИЗДВОЕНИ