Во Чаир во понеделникот вечерта избила крвава тепачка во која со нож биле повредени три лица. Полицијата привела 19-годишник и 13-годишник од Скопје, кои се поврзуваат со инцидентот.
Според МВР, пресметката се случила на 31 август околу 22 часот, меѓу две лица од едната страна и 19-годишниот И.З., 13-годишник и 16-годишник од другата страна.
Во текот на тепачката, 13-годишникот извадил нож и им нанел убодни рани на тројцата. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, додека 16-годишникот бил полесно повреден.
Полицијата извршила увид и одзела три ножа, пендрек и други предмети кои би можеле да бидат важни за истрагата.
Двајцата приведени се задржани, а по целосното документирање на случајот ќе следува кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
Во меѓувреме, министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека состојбата на едно од повредените лица е критична.
„Убод во срце, критично е. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи“, изјави Клековски.












