вторник, септември 1, 2026
Дома СВЕТ „Екстази“ со ликот на Доналд Трамп запленета во Будва, две лица хоспитализирани...

„Екстази“ со ликот на Доналд Трамп запленета во Будва, две лица хоспитализирани по консумацијата

1
Фото: Uprava policije

Полицијата во Будва спроведе голема операција за дрога во текот на викендот, што резултираше со 53 заплени, 19 апсења и кривични и прекршочни пријави против 30 лица. Особено внимание привлекоа запленетите таблети „екстази“ со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според полициската управа на Црна Гора, за време на операцијата се пронајдени различни видови наркотици, вклучувајќи марихуана, кокаин, кетамин, амфетамин, хероин и таблети од листата на психоактивни супстанции.

Меѓу нив беа и препознатливите таблети „екстази“ „Трамп“, кои веќе ги поттикнаа здравствените власти во некои европски земји да издадат предупредувања.

„Таблетите со ист изглед беа предмет на здравствени предупредувања во некои европски земји поради присуството на многу опасни психоактивни супстанции, чијашто консумација може да претставува сериозен ризик за здравјето и животот на луѓето, вклучувајќи ненадејно зголемување на телесната температура, забрзано чукање на срцето и други опасни по живот последици“, соопшти полицијата.

Две лица по конзумирање „екстази“ во Будва, претрпеа здравствени компликации што доведе до нивна хоспитализација. Полицијата, исто така, објави дека идентификувала лице за кое постои сомнение дека продавало ваков вид дрога во областа на Будва, објавува „Вијести“.

До Вишото државно обвинителство во Подгорица и до Основното државно обвинителство во Котор се поднесени кривични пријави против четири лица поради сомнение за неовластено производство, поседување и дистрибуција на дрога или олеснување на нејзина употреба.

Европа издаде „црвена тревога“ поради апчињата со ликот на Трамп

Би-Би-Си претходно објави дека холандскиот институт Тримбос за зависност и ментално здравје издаде „црвена тревога“ поради потенцијално смртоносни апчиња за екстази на кои се наоѓа ликот на Доналд Трамп.

Неколку од апчињата беа предадени на центри за тестирање во Холандија во август, а анализата покажа дека содржат екстремно голема количина на хемикалијата ПММА.

„Не го користете оваа апче под никакви околности“, предупреди Институтот Тримбос, наведувајќи дека може да предизвика прегревање на телото со потенцијално фатални последици.

На едната страна од апчето е лицето на Трамп, додека на другата се зборовите „Трамп“ и „НЛ“.

ИЗДВОЕНИ