Крвава пресметка на грчки остров: Млад човек убиен, двајца повредени

55

Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште двајца се повредени во два одделни инциденти на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.

Случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави Ројтерс. Пет лица се уапсени, вклучувајќи ги и двајцата повредени мажи, додека најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата Константина Димоглиду за грчката телевизија Скај.

Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од судир меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.

Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се дуплирал од околу 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица, исто така, укажуваат на можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.

ИЗДВОЕНИ