61-годишниот Србин Љубиша Каровиќ се огласи за прв пат по сериозните повреди што ги доби за време на летот од Солун до Меминген во Германија, откако прозорец се скршил, оставајќи половина од неговото тело надвор од кабината.
Инцидентот се случил во петок наутро, 10 јули, на летот FR1879 на „Рајанер“. Неколку минути по полетувањето, според патниците, се слушнал оглушувачки тресок кога дел од моторот се скршил и удрил во прозорецот до кој седел 61-годишниот Србин.
Για πρώτη φορά δημόσια μίλησε ο 61χρονος Σέρβος επιβάτης της Ryanair, ο οποίος έζησε μια εφιαλτική εμπειρία κατά τη διάρκεια πτήσης από τη Θεσσαλονίκη προς το Μέμινγκεν της Γερμανίας, όταν η θραύση παραθύρου του αεροσκάφους τον εκτόξευσε εν μέρει έξω από την καμπίνα.#ingr… pic.twitter.com/IEsTTM7o7A
— in.gr/news (@in_gr) July 21, 2026
Ударот го скршил прозорецот, а ненадејната декомпресија предизвикала патникот да биде повлечен кон отворот, со главата и рамената што штрчеле од трупот на надморска височина од околу 20.000 стапки. Неговата сопруга, заедно со другите патници, го држеле додека не успеале да го вратат во авионот.
Речиси две недели подоцна, во интервју за германскиот весник „Билд“, Љубиша Каровиќ ги опиша драматичните моменти што ги доживеал:
– Спиев. По некое време, ме разбуди многу силен тресок што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само за момент, а не се сеќавам на останатото. Кога повторно се освестив, бев облеан во крв. Крв ми течеше по лицето и рацете. Штом ги затворам очите, ми се враќаат слики од сè што доживеав во тие неколку минути. Тоа е кошмар што не можам да го опишам со зборови.
Во несреќата, тој претрпе изгореници на дел од десната рака и грбот. Исто така, десната страна од неговото тело беше привремено парализирана, додека десното уво и десното око му биле делумно оштетени. Според него, некое време не чувствувал ништо.
Пред овој инцидент, 61-годишникот водел многу активен живот, бил енергичен и сакал да патува со авион. Сепак, сега сè се промени.
– Сега сè ме мачи. Бучавата и вревата ме мачат, не можам да одам по улица, сè ме мачи. Психички го допрев дното. Тоа влијае и на мојата работа и на моето семејство. Што ќе се случи сега, сè зависи од мене, јас бев „моторот“ на целото семејство. Мојот живот е целосно нарушен. Воопшто не можам да се концентрирам. Не можам да се фокусирам на ништо. Тоа значи дека едноставно повеќе не функционирам правилно – рече тој и додаде:
– Дури и не размислувам повторно да се качам во авион. Секој пат кога ќе слушнам авион, паничам и добивам треска. Воопшто не се чувствувам добро. Во моментов не е познато дали некогаш ќе можам да се вратам во нормален живот. Сè уште не е јасно дали ќе мора да се оперира или ќе мора да носи заштитна јака на вратот подолг временски период.
Неговата сопруга го спасила од сигурна смрт
Пред неколку дена, неговата сопруга, Светлана Грковиќ, која заедно со другите патници го спаси од сигурна смрт, проговори за овој инцидент.
– Како дел од моторот да падна и да удри во прозорецот до кој седеше Љубиша. Веднаш реагирав и го зграпчив за нозете. Помислив: „Ако ќе умреме, ќе умреме заедно“. Беше ужасно – рече таа.
Таа го држела сопругот со сета сила околу пет минути, сè додека другите патници не дотрчале да помогнат и успеале да го вратат во кабината, додека нивните маски за кислород веќе биле паднати.
Светлана се сеќава дека еден маж и една жена веднаш дотрчале кон неа.
– Тие дојдоа да ми помогнат. „Ги паметам мажот и жената. Тој многу ни помогна, и мене и на Љубиша“, рече таа, изразувајќи желба повторно да се сретне со него за да му се заблагодари лично.
Извор: Srbija Danas/Bild/












