Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе го посети Вашингтон следната недела во она што портпаролот на воената алијанса го нарече „долгопланирана посета“, што доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше европските сојузници за нивните разлики околу војната со Иран.
„Можам да потврдам дека генералниот секретар ќе биде во Вашингтон следната недела на долгопланирана посета“, изјави портпаролката на НАТО, Алисон Харт.
Официјален претставник на Белата куќа, исто така, ја потврди посетата. Понатамошни детали за патувањето не се познати.
Трамп рече дека размислува за повлекување на САД од западната воена алијанса поради одбивањето на европските членки да испратат бродови за деблокирање на Хормускиот Проток.
Обраќајќи се на сојузниците собрани на велигденски ручек во Белата куќа во среда, Трамп ги критикуваше Франција и Обединетото Кралство, меѓу другите сојузници на САД, како „хартиени тигри“.












