четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кривични пријави за 11 возачи – полицијата одзеде повеќе возила поради незаконско...

Кривични пријави за 11 возачи – полицијата одзеде повеќе возила поради незаконско управување

112

Полицијата во текот на вчерашниот ден спроведе засилени сообраќајни контроли на повеќе локации низ државата, при што беа лишени од слобода 11 лица кои управувале возила без положен возачки испит, без важечка возачка дозвола или и покрај изречена забрана за возење. Во сите случаи, по насоки на јавен обвинител, возилата биле одземени.

Меѓу приведените има и возачи со повеќекратни активни забрани за управување, лица кои никогаш не стекнале право на возење, како и малолетник кој управувал автомобил во Тетово, при што возилото било привремено одземено, а со него бил извршен разговор во присуство на родител.

Контролите биле реализирани на автопатот Градско–Велес, во Пробиштип, Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица, Штип и Скопје. Во еден од случаите во струмичко, покрај возилото без регистарски ознаки, биле одземени и бесправно исечени огревни дрва пронајдени во автомобилот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, со што институциите испраќаат јасна порака дека незаконското и опасно учество во сообраќајот ќе се санкционира, а возилата ќе се одземаат.

ИЗДВОЕНИ