Кремљ: Не се разгледува новогодишно примирје во Украина

12
EPA/MAXYM MARUSENKO

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во моментов не се разгледува новогодишно примирје на украинскиот фронт.

„Сè уште нема разговори за тоа, во тек е сосема друг процес“, рече Песков на прашањето на новинарите дали имало преговори за ова прашање, објави РИА Новости.

Рускиот претседател Владимир Путин постојано изјавува дека Русија е исклучиво посветена на долгорочно решение на украинскиот конфликт без никакви привремени прекини на огнот, истакнувајќи дека такво решение може да се постигне само по елиминирање на основните причини за конфликтот, објави агенцијата.

ИЗДВОЕНИ