сабота, мај 10, 2025
Дома СВЕТ Кремљ го осуди „конфронтативниот“ став на Европјаните кон Русија

Кремљ го осуди „конфронтативниот“ став на Европјаните кон Русија

318

Тие изјави се „генерално засновани на конфронтација, наместо на обидите за оживување на нашите односи“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Тој не зборуваше директно за денешниот ултиматум на сојузните на Украија од ЕУ, како и за САД, кои сакаат да ја принудат Русија да прифати 30-дневен „целосен и безусловен“ прекин на огнот во Украина од понеделник.

Во спротивно, Москва би била изложена на „масовни“ санкции од Западот кои би го опфатиле нејзинито банкарски и енергетски сектор“, со поголема воена помош за Украина.

Челниците на Британија, Франција, Германија и Полска денеска во Киев се сретнаа со претседателот на Украина Володимир Зеленски и ѝ ја упатија таа порака на Русија.

 

ИЗДВОЕНИ