понеделник, октомври 19, 2026
Дома СВЕТ Кремљ: Ги цениме напорите на САД, но некој од Киев мора да...

Кремљ: Ги цениме напорите на САД, но некој од Киев мора да преземе одговорност

0

Кремљ високо ги цени напорите на Соединетите Држави да посредуваат за ставање крај на војната во Украина, но сепак, конечен мировен договор не е можен без претставник од Киев кој е подготвен да преземе одговорност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Што се однесува до договорот, знаете дека американската страна продолжува со своето посредување и мировни напори, и ние високо ги цениме. Но, се разбира, конечен договор е невозможен без учество на некој од Киев кој е подготвен да преземе одговорност“, рече Песков, пренесува агенцијата Интерфакс.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не се грижи што украинските напади врз руските рафинерии за нафта предизвикуваат сериозна штета на глобалниот пазар на дизел – вклучително и на пазарот во САД – додавајќи дека Зеленски „воопшто не сака“ војната да заврши, пренесува Танјуг.

Од друга страна, Зеленски го обвини Трамп дека се обидува да изврши притисок врз Украина да ѝ се предаде на Русија.

Тој наведе дека Вашингтон неодамна презел низа „непријателски дејствија“ кон Киев, вклучително и намерно забавување на пристапот до интернет преку системот „Старлинк“, како и доцнење во испораката на ракети за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Украинскиот претседател исто така сугерираше дека Трамп одржува многу добри односи со Путин.

ИЗДВОЕНИ