Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга кралицата Камила ќе престојуваат во дводневна посета на Канада на 26 и 27 мај, соопшти денеска Бакингемската палата.
Во соопштението се наведува дека кралската двојка ќе присуствува на свечената седница на новиот канадски парламент во Отава, пренесе Ројтерс.
На канадските парламентарни избори, кандидатот на либералите Марк Карни го победи конзервативецот Пјер Поиливр, но сè уште не е сосема јасно дали Карни ќе ја предводи мнозинската или малцинската влада.