Крај на трговската војна: Кина и САД се договорија!

2054

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постигна трговски договор со Кина за време на денешните разговори во Женева, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека во Женева имало „продуктивни разговори“ и се најавува брифинг за утре на кој ќе бидат соопштени деталите од договорот, објави „Дејли мејл“. Американскиот министер за финансии Скот Бесант рече дека е постигнат значителен напредок во многу важните трговски преговори меѓу САД и Кина.

Бесент викендов беше во Швајцарија на дводневни трговски разговори со Кина на неутрален терен. Во американската делегација беше и трговскиот претставник Џејмисон Грир.

Кинеската делегација ја предводеше вицепремиерот Хе Лифенг.

За време на овие преговори, двете страни разговараа како да се деескалира трговската војна која се заканува да предизвика голема штета на глобалната економија.

Трамп, исто така, рече дека се постигнува „голем напредок“ во тековните преговори меѓу САД и Кина за царините.

Тој и Бесант се состанаа во Женева по неколкунеделни зголемени тензии додека царините за увоз меѓу двете најголеми светски економии беа зголемени на повеќе од 100 отсто.

Трамп во петокот рече дека царината од 80 отсто за кинескиот увоз „изгледа исправно“, што за прв пат сугерираше конкретна алтернатива на тарифите од 145 отсто што ги воведе на кинескиот увоз.

ИЗДВОЕНИ