Како конструктивна ја оцени средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, иако двајцата останаа на познатите ставови на Брисел и на Скопје – Кошта инсистира дека Македонија мора да ги исполни преземените обврски од 2022 година, односно земјава да ги усвои уставните измени со кои Бугарите треба да се вметнат во македонскиот Устав, додека премиерот Мицксоки е дециден дека додека е тој премиер тоа нема да се случи, се додека од другата страна, односно Бугарија, има нула испорака.
Претседателот на Европскиот совет го охрабри македонскиот премиер да вложи напори за да го овозможи натамошниот напредок на земјава во процесот на ЕУ.
-Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тоа е напорен процес што понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Но сите тие ја постигнаа целта, секако и вие ќе ја постигнете целта но со вашата решеност, напорна работа и соработка, ќе успеете на крај со заобиколување на пречките, изјави Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Мицкоски.
Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е најдобра стратешка инвестиција во мир, стабилност што сите може да ја направиме. Тој ја поздрави работата на Владата во поглед на реформската агенда, и напредокот што веќе беше постигнат, нагласувајќи дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.
-Го охрабрувам премиерот да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок. Може да сметате на нас, на ЕУ, затоа што ние ви стоиме на располагање подговтвени да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам и вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика – потенцира Кошта.
Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека нашата посветеност во процесот на ЕУ ќе се засили во процесот што следува и оти достоинствено ќе го одблокираме европскиот пат.
-Нашата поветеност во процеот на ЕУ ќе се засили во процесот што следи, затоа што веруваме дека нашата иднина е во европското семејство – како што кажа претседателот на Совето Кошта, патот до ЕУ е фрустрирачки, но граѓаните на оваа земја го одеа и најтешкиот пат. Се надевам дека во периодот што следи ќе го одблокираме достоинствено европскиот процес и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство – нагласи премиерот Мицкоски.
Во однос на тоа зошто не иницира разговори со бугарската страна, сега кога веќе во Софија има политичка, а не техничка Влада, македонскиот премиер предочи дека претсдателката Сиљановска Давкова имаше средби со бугарскиот претседател, а и дека тој е подготвен во секое време во Брисел, во присуство на Кошта или фон дер Лајен да разговара со претставници на официјална Софија. (В.С.Н.)