При реализацијата на проектот за „Реконструкција на постоечки тротоари“ на дел од улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, од Општина Битола било констатирано дека изведувачот на градежните работи – „Јоска транс“ – направил пропусти при подигнувањето на затворачите и капаците на одредени локации, во должина на десната страна од трасата на улицата „Васко Карангелевски“.

-Екипи од Општина Битола излегоа на терен, ја утврдија состојбата и веднаш реагираа до изведувачот за коригирање на пропустите, со оглед на тоа дека проектот сè уште е во тек на реализација и не е целосно исплатен – соопштија од локалната самоуправа

 

При реализацијата на проектот за „Реконструкција на постоечки тротоари“ на дел од улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“, од Општина Битола било констатирано дека изведувачот на градежните работи – „Јоска транс“ – направил пропусти при подигнувањето на затворачите и капаците на одредени локации, во должина на десната страна од трасата на улицата „Васко Карангелевски“.

-Екипи од Општина Битола излегоа на терен, ја утврдија состојбата и веднаш реагираа до изведувачот за коригирање на пропустите, со оглед на тоа дека проектот сè уште е во тек на реализација и не е целосно исплатен – соопштија од локалната самоуправа.

Дополнително, од Општината ги има предвид и укажувањата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, изнесени преку видеоснимка.

-Тие веќе беа евидентирани од страна на општинските служби и се постапува по нив – како што се постапува за секој проект кој е во фаза на реализација – децидни се од Општина Битола.

Притоа, додаваат дека мерките кои ги преземаат имаат за цел успешно завршување на проектот за изградба на велосипедски патеки, кои се долгогодишна желба и потреба на битолчани.

Согласно проектот и во континуитет со изведените работи, ЈП „паркинзи“ изврши обележување на велосипедската патека по целата должина на трасата.

За бележењето на велосипедските патеки се огласија и од јавното претпријатие „Паркинзи“ – Битола.

Нагласуваат дека вработените во Одделението за хоризонтална и вертикална сигнализација во две смени интензивно работат на нанесувањето на хоризонталната сигнализација на новите вело-патеки, а притоа секојдневно се соочуваат со најразлични проблеми или предизвици. 

И тие велат дека имаат определени забелешки при изведувањето на дел од сигнализацијата на улица „Васко Карангелевски“.

-Ја известуваме јавноста дека вработените најсовесно и најодговорно ги извршуваат зададените работни обврски, а доколку со своето постапување или несоодветно постапување предизвикале забуна или несакани последици се извинуваме што сме довеле до такво чувство кај поединци – се наведува во реакцијата на „Паркинзи“ – Битола.

Додаваат дека и понатаму ќе останат максимално посветени на подобрувањето на квалитетот во урбаните проблеми и вложувањето во подобри услови за сите граѓани.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ