понеделник, октомври 19, 2026
Дома КУЛТУРА Kонцерт посветен на Катедрата за популарни жанрови по повод 60-годишниот јубилеј на...

Kонцерт посветен на Катедрата за популарни жанрови по повод 60-годишниот јубилеј на ФМУ

1
Вечерва (19 октомври), во 19,30 часот, во бар „Филхармонија“ по повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови,
Концертот се реализира во рамките на концертната серија под мотото: „Една сцена, шест децении музика“.
На концертната сцена ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и музичката разновидност на популарните жанрови, славејќи шест децении посветеност на музичката уметност и нејзиното уметничко наследство.
Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката, проф. д-р Гордана Сиљановска – Давкова.

ИЗДВОЕНИ