четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Комбе за превоз на лица со попреченост

Комбе за превоз на лица со попреченост

68

Општина Неготино доби донација, комбе за превоз на лица со попреченост, од Европската Унија.

– Во рамките на програмата „Интерег ИПА Адрион“, кофинансирана од Европската Унија, Неготино заедно со уште пет општини од Јадранско- Јонската област, добија грант. Се работи за реализација на заеднички проект, „Локалните власти на патот кон одржлива урбана мобилност во Јадранско-Јонскиот регион“, со акроним ЛАМО. Проектот е со вредност од 1.192.251 евра, од кои 168.170 евра се грант за Општина Неготино. Времетраењето на проектот е 36 месеци – појасни градоначалникот, Горан Стојанов.

Тој додаде дека во рамките на проектот, се предвидени и набавка на урбана опрема, знаци и канти за отпад за велосипедски парк, набавка на пет електрични трицикли за лица со попреченост, набавка на десет електрични велосипеди, пет полначи за нив, изработка на техничко-архитектонски истражување за велосипедска патека во општина Неготино, развој и изработка на стратегија за урбана мобилност во општината и слично.

 

ИЗДВОЕНИ