Претседателот на Колумбија, Абелардо Ла Есприела, повтори дека планира изградба на строго чувани мегазатвори, како и пренамена на еден брод на колумбиската морнарица во затвор за водачите на криминалните организации, со цел да се намали организираниот криминал во затворите во таа земја.
Тој го изјави ова навоена церемонија и истакна дека таквите затвори би требало да се изградат во соработка со приватниот сектор.
Министерствата за одбрана и правда, заедно со Националниот институт за казнено-поправни установи и затвори (ИНПЕЦ), работат на планот за претворање на брод на колумбиската морнарица во затвор, за да се преместат зад решетки главните рекетари кои ги извршуваат своите злосторства, а со цел изолација на криминалците за да се спречи да продолжат да вршат кривични дела преку мобилните мрежи, пишува „Паис“.
„Тоа ќе стане реалност за неколку месеци“, изјавија извори од затворскиот систем за весникот „Темпо“.
Можноста за користење бродови како затвори веќе беше разгледувана и под претходната влада предводена од Густаво Петро, но не се реализираше.
Затворите во Колумбија — од учество во планирање убиства, како што се случи, на пример, при атентатот врз сенаторот Мигел Урибе, па сè до изнудување пари од сопственици на продавници и организирање мрежи за дистрибуција на дрога — станаа места каде осудениците, наместо да ги издржуваат казните, продолжуваат да вршат злосторства.
Во март 2023 година, неколку видеоснимачки открија дека Обер Рикардо Мартинез Гутиерез, познат како „Ел Негро Обер“, водач на криминалната банда „Лос Растрохос“, вршел изнудувачки повици од јавни телефони во затворот Палогордо во Сантандер, претејќи им на трговците со смрт доколку не платат.
Затворски бродови во Колумбија беа користени и пред две децении од страна на тогашниот претседател Алваро Урибе. Тој го премести најбараниот трговец со дрога во земјата, Диего Фернандез Монтоја, познат како „Дон Диего“, кој имаше врски со паравоени формации, на затворски брод во Тихиот Океан, откако беше утврдено дека потмитувал службеници за да добие услуги и заштита.












