„Кој кого жени?“ – изложба од Хрватска во Музејот на македонската борба

1

Изложбата „Кој кого жени?“ на Замокот Тракошчан од Република Хрватска ќе гостува во Музејот на македонската борба за самостојност.

Свеченото отворање е на 4 декември во 13:00 часот, a тематски фокус на изложбата се придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во своите семејства.

Македонската публика има можност да ја посети оваа изложба до 11 јануари, во галерискиот простор на првиот кат од Музејот.

Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и воедно е поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.

ИЗДВОЕНИ