epa10819763 Oleksandr Usyk (L) of Ukraine and Daniel Dubois (R) of Great Britain pose during the weighting ceremony in Wroclaw, Poland, 25 August 2023. The world heavyweight title fight between IBF, WBA, and WBO titleholder Oleksandr Usyk and Daniel Dubois of Great Britain will fight on 26 August in Wroclaw. EPA/Maciej Kulczynski POLAND OUT

Украинецот Александар Усик и Британецот Даниел Дубоа се соочија пред борбата на „Вембли“, утре (23:00 часот). Влоговите се огромни: титулата апсолутен шампион во тешка категорија, нерешени сметки од минатото и шанса да се напише историја. Усик е сопственик на четири појаси: ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБО, додека Дубоа го има ИБФ.

Како што истакна промоторот Френк Ворен, ова ќе биде првпат борбата за шампионатот во тешка категорија, во ерата на четири појаси, да се одржи во Велика Британија.

– Ова е шанса Даниел да го запише своето име во британската спортска историја. Ако победи, тој ќе биде првиот Британец што ги држи сите четири појаси – рече Ворен.

Ворен го спореди својот борач со легендарниот Ивандер Холифилд и неговите победи над Мајк Тајсон во познатите борби од 1996 и од 1997 година.

– Тајсон победи 9 5% од своите противници пред да влезе во рингот. Не го победи Холифилд затоа што не ги толерираше уличните работи. Тој беше вистински професионален боксер и го победи Тајсон двапати – рече Ворен.

Британецот сака одмазда: „Светот на боксот беше измамен“.

Влогот е огромен: победникот сè носи дома, а губитникот си заминува со празни раце. Овој меч е засенет од нивната прва борба во август 2023 година, во Вроцлав, Полска, која Усик ја доби со нокаут во деветтата рунда.

Сепак, клучниот момент се случи во петтата рунда, кога Дубоа го нокаутираше Украинецот со удар што судијата го прогласи за недозволен. На Усик му беа дадени речиси четири минути да се соземе, а дебатата за тоа дали бил ударот легален продолжува до ден-денес. Таа контроверзија продолжува. Тренерот на Дубоа, Дон Чарлс, го обвини Усик, велејќи дека се однесува достојно за „Оскар“.

– Го измами судијата, нè измами нас, го измами светот на боксот – рече Чарлс.

Од друга страна, промоторот на Усик, Алекс Красјук, предупредува дека Дубоа се променил.

– Тој повеќе не е момче, сега е зрел човек со појас на ИБФ. Секој што го потценува, прави голема грешка. Овој пат ќе видите верзија на Усик каква што не сте виделе никогаш досега. Крај на контроверзиите! – додаде Красјук.

Усик двапати го победи Тајсон Фјури (со кого ја чека третата борба) и стана апсолутен шампион, пред да му биде одземена титулата на ИБФ поради задолжителниот предизвикувач. Во меѓувреме, Дубоа доби три борби со нокаут, вклучувајќи една против Филип Хрговиќ за освојување на појасот на ИБФ, и една против Ентони Џошуа.

ИЗДВОЕНИ