Кој е клучниот услов на Украина за преговори со Русите?

54
EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четврток дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев е подготвен да започне мировни преговори во кој било формат, доколку Русија покаже подготвеност со спроведување на целосно и безусловно примирје, јавува Анадолија.

На социјалната мрежа X, Зеленски напиша дека разговорот со Трамп вклучувал преглед на ситуацијата на фронтот и понуда за итен почеток на 30-дневно примирје.

„Чекаме Русија да го поддржи овој предлог“, рече тој.

Тој нагласи дека Украина останува посветена на дипломатијата.

„Исто така, потврдив дека Украина е подготвена да учествува во разговори во кој било формат. Но, за тоа, Русија мора да ја покаже сериозноста на своите намери за прекин на војната, почнувајќи со целосно и безусловно прекин на огнот“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер додаде дека Трамп ја изразил својата поддршка за идејата за примирје и ја потврдил својата желба да помогне во завршувањето на војната.

Претходно, портпаролот на Кремљ тврдеше дека Киев не е подготвен сериозно да се ангажира, додека Украина вели дека чека конкретни потези од Москва.

ИЗДВОЕНИ