Италијанскиот тенисер Флавио Коболи на интересен начин ја прослави победата над Закари Свајда во осминафиналето на Ролан Гарос. Коболи славеше со 3-1 во сетови, иако во четвртиот сет испушти два брејка предност пред да триумфира по тај-брејк. По мечот призна дека имал тешки моменти на теренот.

  • Единственото нешто што го научив денес е дека мечот никогаш не завршува. За малку се посрав в гаќи, се пошегува Италијанецот.

Во борбата за полуфинале ќе игра против Феликс Аугер-Алиасиме.

ИЗДВОЕНИ