Џорџ Клуни се присети како ја изгубил улогата во филмот „Телма и Луиз“ на Ридли Скот во 1991 година, откако го поминал последниот тест.
А улогата му припадна на Бред Пит.
„Стигнав до последниот тест за улогата. И, по ѓаволите, Бред ја доби“, рече Клуни.
Актерот призна дека долго време не го гледал филмот затоа што бил лут.
„Не го гледав „Телма и Луиз“ со години затоа што бев лут. Таа улога ја започна неговата филмска кариера. Пред тоа, тој глумеше во ситкоми и глупости, а ова можеше да биде можноста што ќе ме лансираше мене! По ѓаволите“, додаде Клуни во свој стил.
Денес, тие се долгогодишни пријатели и глумеле во неколку филмови заедно, вклучувајќи го и „Единаесетмината на Оушн“ и неговите продолженија.
Кога Клуни конечно го виде филмот, призна дека Пит бил очигледен и добар избор за улогата.












