вторник, септември 1, 2026
Дома СВЕТ Кир Стармер се повлекува од британскиот парламент: „Ќе се фокусирам на меѓународните...

Кир Стармер се повлекува од британскиот парламент: „Ќе се фокусирам на меѓународните работи“

23
Фото:википедија

Поранешниот британски премиер Кир Стармер, кој поднесе оставка во јули, изјави дека се откажува од своето место во британскиот парламент за да „се концентрира на меѓународните работи“.

Стармер тврдеше дека ќе остане пратеник на Лабуристичката партија до следните избори, но се предомисли, обаји „Ројтерс“.

Додека Кир Стармер беше на чело на британската влада, неговата надворешна политика беше призната.

Стармер тесно соработуваше со францускиот претседател Емануел Макрон за да ја формира Коалицијата на волјата за поддршка на Украина, ги обнови односите со Кина, ја призна државата Палестина и имаше различен успех во обидите да ги зајакне односите со американскиот претседател Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ