Кина и САД се договорија да ги задржат царините на сегашните нивоа

486

Кина и САД се согласија да ги задржат тарифите на сегашните нивоа – САД наплаќаат 30% за кинески стоки, а Кина наплаќа 10% за американски производи, пренесува „Бета“.

Во разговор со новинарите, кинескиот функционер Ли Ченганг рече дека двете страни имале „конструктивни“ и „отворени“ разговори вчера и денес во Стокхолм, објави „АП“.

Ли, исто така, рече дека двете страни имале „сеопфатни и детални“ разговори за микроекономски прашања и се согласиле да останат во контакт и „навремено да комуницираат едни со други за трговски и економски прашања“.

Кинеските и американските претставници се состанаа денес во Стокхолм на вториот ден од разговорите за реципрочните тарифи, со главна цел да се продолжи царинското примирје постигнато во Женева во мај и да се стави крај на застојот што ги наруши трговските врски меѓу двете најголеми економии во светот.

Се очекува американскиот министер за финансии Скот Бесант да им се обрати на новинарите подоцна.

ИЗДВОЕНИ