Кошаркарската федерација на Македонија, преку соопштение, му одговори на клубот Кожув во врска со случувањата пред натпреварот од Суперкупот на Македонија, кога на гевгелиските навивачи, познати како „фантоми“, не им беше дозволено да присуствуваат на средбата во Скопје.

Причина за таквата одлука е тоа што не биле почитувани пропозициите (пријава на навивачка група најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварот), а конечната одлука, според КФМ, ја донело Министерството за внатрешни работи.

  • И покрај пропозициската обврска на гостинскиот клуб (КК Кожув) да ја пријави навивачката група најдоцна 72 часа пред натпреварот, пријавата беше доставена околу 30 часа пред почетокот. Федерацијата во целост ги презеде сите активности за организација, а натпреварот беше уредно пријавен. Сепак, МКФ не носи никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите – конечната процена на безбедносните ризици е во исклучива надлежност на органите што ги донесуваат тие одлуки. Воедно, МКФ ја користи оваа можност да ги поздрави сите љубители на кошарката и на спортот воопшто, охрабрувајќи ги да продолжат да ја следат играта со ферплеј и со позитивна енергија. Со почит, Македонска кошаркарска федерација – соопштија од КФМ.

ИЗДВОЕНИ