четврток, октомври 22, 2026
Дома ЗАБАВНА Ќерката на Харис Џиновиќ повторно ги привлече сите погледи

Ќерката на Харис Џиновиќ повторно ги привлече сите погледи

0

Ќерката на познатиот пејач Харис Џиновиќ, инфлуенсерката Ѓина Џиновиќ, објави фотографии од вечерното излегување на Инстаграм и за кратко време предизвика бројни реакции. За вечера во ресторан, таа се одлучи за црн фустан со едноставен крој, чија главна атракција беа длабоките исечоци од страните и грбот.

Токму поради овој смел детаљ, остатокот од стајлингот остана едноставен и ненаметлив. Косата ја собра во пунџа со шишки, а изгледот го комплетираше со накит и класични црни потпетици.

Фотографиите набрзо беа преплавени со комплименти. „Најубавата“, „Луда“ и „Опседната сум“ се само дел од коментарите со кои следбениците го поздравија нејзиното ново издание.

Ѓина привлекува внимание речиси секој ден со своите објави, преку кои ги води следбениците на состаноци, патувања и одмори во Монако и други луксузни дестинации. Сепак, таа не крие дека она што го покажува на мрежите не е секогаш сосема реално: уште во 2023 година, таа отворено призна дека често користи Фотошоп.

Нејзиниот личен стил се карактеризира со луксузни парчиња и смели кроеви, а редовно позира во облека од познати брендови чии цени достигнуваат неколку илјади евра. Сепак, на крајот на август, таа ги изненади сите со изјавата дека ги менува своите приоритети и дека животот не е само облекување.

Неодамна објавува влогови од нејзиното секојдневие на TikTok, а следбениците можат да го следат и нејзиниот студентски живот. Ѓина студира моден дизајн во Барселона.

ИЗДВОЕНИ