Општина Дебар ќе ги отстранува од јавните површини неисправните возила, кои го попречуваат слободното движење на пешаците и на возилата.
– Општинскиот комунален инспектор, по извршениот теренски надзор, постапувајќи врз основа на позитивните законски прописи за отстранување возила во неисправна состојба, регистрираше осум возила паркирани на јавни површини, кои го попречуваат слободното движење на пешаците и на возилата – информираа од Општина Дебар.
Притоа, на сите оштетени возила е поставено известување за доброволно отстранување од страна на сопствениците, кои треба да го сторат тоа во рок од 15 дена.
– Во спротивно, по истекот на наведениот рок, ќе бидат преземени законски мерки против сопствениците и ќе биде извршено присилно отстранување – нагласуваат од Општината.
Оттаму посочуваат дека ќе продолжи оваа акција и во наредните денови и ги повикуваат сопствениците на оштетени возила да ги отстранат од јавните површини.












