Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ ја спроведува иницијативата за изградба на православен крст на возвишението над градот, поточно атарот на село Мартиница – симбол на нашата вера и заедништво.
– Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на нашата општина за генерациите што доаѓаат – нагласуваат од Фондацијата.
Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот празник , Успение на Пресвета Богородица – 28 август.
Од Фондацијата повикуваат сите хумани луѓе, верници, иселеници, бизнисмени и пријатели на Крива Паланка да се вклучат со донации во овој, како што велат, благороден чин на вера и заедништво.
Донациите можат да се вршат преку сметката на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.