сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се гради капела во близина на градските гробишта

Ќе се гради капела во близина на градските гробишта

99

Општина Пехчево распиша тендер за започнување на проектот за изградба на градска капела. Градоначалникот на Општината, Александар Китански, истакна дека проектот се реализира по барање на граѓаните.

– Капелата ќе се гради во близина на градските гробишта во Пехчево, а проектот е во фаза на тендерска постапка – информираше Китански.

Проектот е дел од програмата на градоначалникот за реализација за оваа година.

– Реализирањето на овој проект е по барање на граѓаните на Општина Пехчево, а воедно значи и реализирање на мојата програма како градоначалник на Општина Пехчево. Тендерот е објавен согласно со сите законски процедури и е достапен на системот за јавни набавки – објасни Китански. 

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Пехчево.

 

 

ИЗДВОЕНИ