Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе го нападне Оман ако оваа држава од Персискиот Залив застане на страната на Иран во обид да воспостави заедничка контрола врз стратешки важниот Ормуски Проток, објави „Њујорк пост“.
Трамп ги даде коментарите на состанок на кабинетот, велејќи дека САД нема да им дозволат на Иран и Оман заеднички да го контролираат теснецот.
„Никој нема да го контролира. Ние ќе го надгледуваме. Ќе го надгледуваме, но никој нема да го контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водиме. Тие би сакале да го контролираат“, рече тој.
Потоа тој упати директна закана до Оман.
„Никој нема да го контролира теснецот. Ова се меѓународни води и Оман ќе се однесува како и сите други, или ќе мора да ги дигнеме во воздух. Тие го разбираат тоа. Сè ќе биде во ред“, додаде тој.
⚡️BREAKING: President Trump says he will blow up Oman if it doesn’t behave pic.twitter.com/k8dP8656uo
— Iran Observer (@IranObserver0) May 27, 2026
Оман, инаку, беше како посредник во преговорите меѓу САД и Иран пред да избувне војната на 28 февруари.












