
Како гром од ведро небо одекна информацијата дека новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, покажува сериозен интерес за услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Кевин де Бруин. Искусниот играч за врска веќе потврди дека ќе си замине од „Итихат“ на крајот од сезоната како слободен играч и додаде дека е можно да заигра за некој друг тим од Премиер лигата.