Продолжуваат градежните активности за изградба на картинг-центар во Кавадарци, кои се одвиваат согласно со предвидената динамика.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, информираше дека е извршено тампонирање на теренот, со што просторот постепено го добива својот конечен изглед, додека во наредната фаза е предвидено поставување осветлување на картинг-центарот.
Во картинг-центарот, кој е на површина од 2.700 квадратни метри, се прави современа картинг-патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари.
– Новиот картинг-центар ќе претставува дополнителна атракција што ќе ја збогати туристичката понуда на градот и ќе отвори нови можности за спорт, рекреација и за забава – потенцира Јанчев.












