Еден од најдобрите шахисти на денешницата, Магнус Карлсен (34), се испроба против Чет ГПТ и победи! Станува збор за вештачка интелигенција, која ја победи по 53 потези, без да изгуби ниту една фигура.
Карлсен реши да ги информира своите фанови за победата споделувајќи разговор со Чет ГПТ на социјалните мрежи, пишувајќи во описот: „Понекогаш ми е здодевно додека патувам“.
Карлсен освои сè што може да се победи во шахот. Беше петпати светски шампион, а е на врвот на светската ранг-листа од 2011 година. Сепак, сето тоа не е доволно, па затоа постојано си поставува нови предизвици. Откако ремизираше против светската репрезентација, реши да се испроба против вештачката интелигенција.