Канада и Франција денеска отвораат конзулати во главниот град на Гренланд, Нук, како знак на силна поддршка за локалната самоуправа, а по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат таа данска автономна територија.
Делегација од високи канадски претставници, меѓу кои и генералната гувернерка Мери Сајмон и министерката за надворешни работи Анита Ананд, пристигна на Гренланд за официјално отворање на конзулатот, во придружба на брод на канадската крајбрежна стража, објави Би-би-си.
Пред патувањето, Сајмон рече дека Канада „цврсто стои покрај народот на Гренланд кој ќе ја одреди својата иднина“.












