
Најтрофејниот клуб во Серија А, тимот на Јувентус, доби сериозна конкуренција во вечниот ривал Интер кога е во прашање потписот на данскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Желбата на двата клуба ќе стане реалност само доколку понудата за поранешниот напаѓач на Аталанта не биде помала од 50 мил. евра.