УЖАС на плоштадот „Слобода“ во Штип: Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

773
Фото: Facebook

Искршени се фотографите од петтемина штипјани загинати во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кои беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

На Фејсбук групата Штип денес е објавена ужасната фотографија на која се гледа дека некој ги искршил фотографиите на починатите млади лица, кои беа поставени на плоштадот во знак на почит.

„ШТИП ДЕНЕС: Искршени сликите на починатите во пожарот во Кочани што беа поставени на плоштадот. Си патиме од самите себе, самите себе си секој ден се самоуништуваме, НИКОЈ НЕ НИ Е КРИВ… Каков човек треба да бидеш за ова да го направиш?“, пишува во објавата на Фејсбук.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа штипјаните Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски. Нивните фотографии беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.

ИЗДВОЕНИ