Лариса Рикелме стана светски позната во текот на Светско првенство во фудбал 2010, кога со своето атрактивно појавување на трибините ги освои симпатиите на милиони навивачи. Парагвајката тогаш беше една од најфотографираните личности на турнирот, а медиумите во светот пишуваа за неа.
Иако поминаа повеќе од десет години, интересот за неа не стивнува. Денес таа има кариера како манекенка и во телевизијата, а се има појавено и како спортски коментатор.
Нејзиниот изглед и понатаму привлекува внимание, иако е евидентно дека ѝ е променет стилот – изгледа позрело, посамоуверено и далеку од имиџот со кој се прослави. За разлика од порано, денес води помирен живот, но и понатаму ја користи својата популарност стекната на фудбалската сцена.
Во продолжение неколку фотографии од Лариса Рикелме како изгледа денес:












