Од следната натпреварувачка сезона влегува уште еден тим во Формула 1, тимот на Кадилак, кој подготвува искусен тим возачи за 2026 година. Една од желбите е Мексиканецот Серхио Перез, кој оваа сезона не се натпреварува во Формула 1, додека претходните три години беше член на тимот на Ред Бул. Во оваа пригода се огласи неговиот поранешен клупски колега и четирикратен светски шампион, Макс Верстапен, кој имаше само пофални зборови за Мексиканецот.

  • Чеко отсекогаш бил сигурен. Секако, имаше неколку тешки моменти со нас, но мислам дека е одличен избор сè додека има мотивација да продолжи да се трка, особено со нов тим. Ако ги погледнете неговите бројки во Форс Индија и Рејсинг Поинт, ќе забележите дека таму освои многу бодови, порача Макс.

Покрај Перез, во тимот на Кадилак би можел да заврши и Валтери Ботас, кој е трет возач во Мерцедес оваа сезона, за кого возеше од 2017 до 2021 година. Тој успеа да триумфира во десет трки, додека на подиумот застана 67 пати.

ИЗДВОЕНИ