Штипското комунално претпријатие „Исар“ утринава со апел водата да се користи рационално, бидејќи од синоќешното невреме во Пробиштипскиот Регион има прекин на електричната енергија со што Хидросистемот „Злетовица“ има потешкотие во работењето.
Во соопштението на ЈП „Исар“-Штип се наведува дека екипите на ХС „Злетовица“ работат на санирање на проблемот.










