Портпаролот на јеменските бунтовници Хути денеска изјави дека одговорот на оваа проиранска милитантна организација на вечерашниот американски напад врз Иран е „само прашање на време“.
Мохамед ал-Бухаити, член на политичкото биро на движењето Хути, за телевизијата Ал Џезира Мубашер изјави дека нивниот договор за прекин на огнот со Вашингтон бил склучен пред војната против Иран, пренесува Ројтерс.
Оваа милитантна група изврши напади на поморските патишта во Црвеното Море и на територијата на Израел во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа кои се под напад на израелската армија (ИДФ).
Во мај, Хутите се согласија на договор за прекин на огнот со САД и оттогаш нападите врз американските бродови престанаа во замена за прекин на американското бомбардирање на позициите на Хутите во Јемен.