Јапонските истражувачи постигнаа рекордна брзина на интернет од 1,02 петабити во секунда. Ова достигнување кое ја користи постоечката оптичка технологија и би можел да го трансформира споделувањето податоци и cloud computing-от на глобално ниво.
Оваа брзина би можела да овозможи обработка со вештачка интелигенција во реално време помеѓу континентите. Иако сè уште не е достапна за домашна употреба, би можела да ги револуционизира 6G мрежите и подводните кабли.
Јапонија направи нешто што звучи како нешто од научнофантастичен филм. Најбрзиот интернет во светот сега достигнува брзина од 1,02 петабити во секунда, постигната од јапонски истражувачи. Доволно брз за да се преземат цели библиотеки со музика, филмови и игри во трепкање со око, пренесува WebMind.
Ова достигнување кое користи постоечка технологија на оптички кабел, би можело да го промени начинот на кој луѓето ширум светот споделуваат податоци, користат cloud услуги и вештачка интелигенција.
Можете да стримувате милиони 8K видеа истовремено и да преземете која било игра од Steam за дел од секундата. Тоа е брзината на најбрзиот интернет во светот, според Business Today.
Јапонија веќе ја демонстрираше иднината. Замислете да ја преземете целата содржина на Netflix побрзо отколку што самата апликација може да ја стартува – тоа наскоро би можело да стане реалност.
Во јуни 2025 година, истражувачите од Националниот институт за информатичка и комуникациска технологија (NICT) на Јапонија го соборија светскиот рекорд испраќајќи податоци со брзина од 1,02 петабити во секунда – тоа се 1.020.000 гигабити во секунда.