Mакедонските спортисти го завршија настапот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јана Атанасовска денеска не ја заврши трката ниту во слалом, и испадна уште на стартот од првото возење. Речиси идентично откажување имаше и на велеслаломската која што се одржа пред неколку денови.
Атанасовска направи грешка на стартот, и испадна од натпреварувањето, со што предвреме се откажа од трката. Поради незавршувањето на трката нашата најмлада олимпијка нема да учествува во второто возење закажано за 13:00 часот.
Претходно на ЗОИ настапија Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков.
По првото возење води Микаела Шифрин од САД, која е и најголема фаворитка за златниот медал.












