вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Извлечена неексплодирана граната со калибар 75 милиметри, од Црна Река

Извлечена неексплодирана граната со калибар 75 милиметри, од Црна Река

2

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во селото Радобор, Општина Могила.

Од ДЗС соопштија дека станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала.

За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола добила информација преку единствениот повикувачки број за итни случаи, 112.

ИЗДВОЕНИ