Известувач на ОН предупредува: Реконструкцијата на Газа ќе трае со генерации

35
Израел мора итно да овозможи испорака на шатори и карвани во Појасот Газа, изјави специјалниот известувач на Обединетите нации за правото на адекватно живеење Балакришнан Рајагопал, предупредуваќи дека раселените Палестинци кои се враќаат на северот на разорената енклава се соочуваат со тотално уништување на своите домови и населби.
„Луѓето таму не пронаоѓаат ништо одвен урнатини во подрачјата од кои се повлекоа израелските власти“, рече Рајапогал во интервју за „Ал Џезира“ во саботата.
„Психолошките последици и трауми се длабоки и тоа го гледаме толку сега со враќањето на луѓето на северот на Газа“, додаде тој.

Десетици илјади Палестинци почнаа да се враќаат во северниот дел на Газа откако израелските власти во петокот се повлекоа во согласност со договорениот прекин на огнот меѓу Израел и „Хамас“, со што привремено е прекината двегодишната војна.

Жителите низ Газа го поздравија прекинот на израелските напади, кои од октомври 2023 година убија повеќе од 67.000 илјади луѓе и предизвикаа хуманитарна катастрофа.

Според проценките на Обединетите нации, дури 92 отсто од сите станбени објекти во Газа се оштетени или се уништени од почетокот на војната, додека стотици илјади раселени лица се присилени да живеат во шатори и импровизирани скривалишта.

Рајагопал потсети дека шаторите и конвоите би требало да бидат доставени во текот на претходниот прекин на огнот на почетокот на годината, но „речиси ниту еден“ конвој не пристигна до Газа поради израелската блокада.

„Токму во тоа е суштината на проблемот. Дури ни основна хуманитарна помош не може да пристигне до народот на Газа додека Израел ги контролира сите влезни точки. Тоа мора да се промени“, истакна Рајагопал.

Тој го употреби терминот „домицид“ за да се опише масовното уништување на домовите во Газа, нагласувајќи дека разурнувањето на станбените објекти „ е централен елемент на израелскиот геноцид над Палестинците“.

„Уништувањето на домовите, протерувањето на луѓето и правејќи ги подрачјата ненаселиви е еден од главните начини на кои е извршен геноцидот“, рече Рајагопад, додавајќи дека обновата ќе трае со децении.

„Ова е како нова Накба“, алудирајќи на масовното протерување на Палестинците во текот на создавањето на државата Израел во 1948 година. „Тоа се случи во последниве две години и ќе биде запаметено како нешто слично“.

 

ИЗДВОЕНИ