четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ Израелска авиокомпанија ги одложи сите летови за Москва до крајот на неделата

Израелска авиокомпанија ги одложи сите летови за Москва до крајот на неделата

396

„Во текот на следната недела ќе се изврши нова проценка на ситуацијата со цел да се одлучи дали линијата ќе продолжи“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата, која ја пренесе Тајмс оф Израел.

Ел Ал рече дека наскоро ќе испрати нови информации до патниците за развојот на настаните.

Овој потег уследи откако некои официјални лица изјавија дека авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во средата во Казахстан бил соборен од руски систем за воздушна одбрана, според Тајмс оф Израел.

Патнички авион Embraer 190 на Азербејџан ерлајнс се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан, откако излета од курсот над јужна Русија.

ИЗДВОЕНИ