недела, јули 12, 2026
Дома СВЕТ Израел: Убиен е новиот командант на военото крило на Хамас

Израел: Убиен е новиот командант на военото крило на Хамас

302
EPA/STRINGER

Израелската армија денес објави дека го убила новиот водач на вооруженото крило на палестинското движење Хамас, неколку дена откако неговиот претходник загинал во сличен напад. Најмалку три Палестинци се убиени, а десетици се повредени во големиот напад во вторникот, кој погодил станбена зграда во една од најпрометните пазарни области во Газа Сити, соопштија локални медицински лица и сведоци.

Војската соопшти дека командантот Мохамад Одех е убиен во операција во Газа вчера, јавува Ројтерс.

Израелската армија и безбедносната служба Шин Бет соопштија дека биле таргетирани згради кои служеле како засолниште за Одех, откако неговото движење било следено со месеци. Од Хамас засега нема официјален коментар. Станува збор за најновиот смртоносен израелски напад врз Газа, и покрај прекинот на огнот со Хамас кој започна во октомври.

Здравствените власти во Газа соопштија дека шест лица се убиени, а повеќе од 20 други се повредени во истиот израелски напад врз станбена зграда во Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Одех ја водел разузнавачката единица на Хамас за време на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната во Појасот Газа.

Тој беше назначен за командант на вооруженото крило на Хамас откако неговиот претходник, Из ал-Дин ал-Хадад, беше убиен на 15 мај.

Израел неколку часа пред вчерашниот напад и убиството на Одех објави дека ги проширува воените операции во соседен Либан.

Во последните израелски напади врз либанското движење Хезболах загинаа 31 лице.

ИЗДВОЕНИ