На 9 септември, од 17:00 до 18:00 часот, која ќе биде поставена изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, во излогот на Францускиот институт во Скопје.

„Француски траги – Лична историја на гледањето“ претставува лична мапа на сеќавања, влијанија и творечки референци на Ѓорѓе Јовановиќ. Изложбата не се обидува да понуди преглед на француската уметност, ниту да ги реконструира или репродуцира делата на авторите што се појавуваат во неа. Наместо тоа, таа ги открива личните траги што француски уметници, поети, музичари, филмски режисери и мислители ги оставиле врз уметникот и врз неговиот начин на гледање и разбирање на светот.

-Делата ги групирав во неколку композициски целини, како фрагменти од една голема, нецелосна слика. Тие не се поврзани според строга тематска или историска логика, туку повеќе преку асоцијации, сеќавања и чувства. На некој начин, изложбата е еден вид личен визуелен архив – избор од автори чии дела во различни периоди ми биле важни, а чии идеи и денес продолжуваат да одекнуваат во моето творештво. Една од најзначајните точки во оваа лична карта е надреализмот. Со него се сретнав уште во моите формативни, средношколски години и токму тогаш почнав да ја разбирам уметноста на еден поинаков начин. Автори како André Breton, Yves Tanguy и Claude Cahun ми отворија простор во кој реалноста не мора да биде фиксна и непроменлива, а имагинацијата, сонот, апсурдот и слободната асоцијација можат да бидат еднакво важни начини на спознавање. Надреализмот за мене никогаш не остана само историски уметнички правец. Тој стана еден вид творечки принцип – слобода да се спојуваат навидум неспоиви нешта и од нив да се создаваат нови значења, вели уметникот Ѓорѓе Јовановиќ.

Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанчевски, куратор во МСУ – Скопје.

Ден по отворањето на изложбата, 10 септември, Францускиот институт организира целодневна програма посветена на новата културна сезона и почетокот на новата училишна година, во рамките на Ден на отворени врати, нудејќи разновидна програма за различни возрасти и активности посветени на францускиот јазик и културата. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат со активностите на Францускиот институт, да се сретнат со уметници и партнери и да дознаат повеќе за можностите за учење француски јазик и престој во Франција.

ИЗДВОЕНИ