четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Изјавите за завршување на војната ја буткаат цената на нафтата

Изјавите за завршување на војната ја буткаат цената на нафтата

24

Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум.

Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари.

Сепак, економските аналитичари предупредуваат дека енергетските пазари остануваат многу нестабилни и водени од геополитичките случувања.

Физичкото снабдување е сè уште строго ограничено, при што протоците низ Ормускиот теснец се далеку под нормалата, а спот цените се зголемуваат далеку над фјучерсите.

Цената на нафтата има потенцијал или да скокне до нови максимуми или да се спушти на нивоата пред војната, во зависност од разговорите меѓу САД и Иран, но најмногу од сè – од статусот на пловност на Ормутскиот теснец и колку брзо би можел да се обнови некаков вид нормален сообраќај.

ИЗДВОЕНИ