Изборот на Беким Сали и на Мухамед Хоџа во Собранието ќе стартува за околу две недели

0

За околу две недели може да се очекува стартотна седницата на македонското Собрание на која треба да се изврши изборот на новиот вицепремиер Беким Сали и на новиот министер за животна средина Мухамед Хоџа. Ова на денешниот брифинг со новинари го најави собранискиот спикер Африм Гаши навестувајќи дека седницата би можела да биде закажана во периодот од 15-ти до 18-ти декември.

-На таа седница прво треба да се изврши разрешување на министерот за европски прашања Орхан Мутрезани. Потоа, да се пристапи кон изборот на новиот вицепремиер и на новиот министер. Точниот термин зависи од тоа кога ќе се заврши собраниската седница посветена на усвојувањето на Буџетот за следната година. Таа започнува на 9-ти декември и неизвесно е колку дена ќе трае – рече Гаши.

Тој додаде дека идејата му е на истата седница да има и точка посветена на пратеничките прашања на опозицијата.

ИЗДВОЕНИ